(ВИДЕО) Васев: ВМРО-ДПМНЕ пласира различни бројки за вредноста на АД Славија, а вистината е дека токму тие го раскрчмија имотот

Од:

„Во ВМРО-ДПМНЕ и нивните Влади од 2012- 2017 година лежи целата вина за раскрчмување на имотот на АД Славија. Факт е дека ВМРО-ДПМНЕ целосно ја обезвреднила АД Славија и го раскрчмила нејзиниот имот. Тоа што ВМРО-ДПМНЕ упорно, со денови сака да ја манипулира јавноста е провиден обид за бегање од одговорноста и нереално префрлање на вина на некој друг“, рече Стефан Васев од СДСМ.

„Дека целосно се загубија во овој неуспешен обид говорат и различните бројки кои секојдневно ги пласираат. Прво, според нив Славија вредеше 20 милиони евра, па ја спуштија проценката на 13, па на 9, а денеска е 4 милиони евра.

Во својата произволна математика, не споменуваат ниту дека компанијата е оптоварена со долгови.

Крајно неодговорно. Во периодот од 2012 до 2017 година ВМРО-ДПМНЕ распродала над 70% од имотот на АД Славија.

Со тајни продажби, зад затворени врати по неповолни и ниски цени се распродавани десетици дуќани и најатрактивни локали, некогашни маркети на Славија, во Скопје и низ целата држава, кои денес се сопственост на приватни компании.

Наместо да шири лаги, ВМРО-ДПМНЕ треба да им објасни на граѓаните зошто за 12 години не го решила проблемот со Славија, туку распродала две третини од нејзиниот имот“, изјави Стефан Васев од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Се бориме за нашиот дом, со нова енергија против неспособноста и расипништвото на власта

Ливриниќ: Не ви нудам празни зборови и нови лаги, затоа што тоа го слушаме повеќе од три децении

Манасиевски: Паниката на СДС во Струмица расте, тепачи и насилници на нивните листи се последниот обид за спас

СДСМ: Нема операции на Кардиохирургија, дали министерот за здравство работи за приватните клиники?

Филипче: Парите на граѓаните мора да служат за јавниот интерес, а не за привилегии и лични уживања на власта

СДСМ: Владата на ВМРО-ДПМНЕ свесно лажеше и остави луѓе да се трујат