(ВИДЕО) Васев: Што Мицкоски не сака да се открие за неговите хидроцентрали?

Од:

Откако Државната комисија за спречување на корупцијата отвори предмет против Христијан Мицкоски и неговите хидроцентрали, Мицкоски најави повлекување од бизнисот, рече Стефан Васев од СДСМ на денешната прес-конференција.

„За потсетување, Мицкоски бизнисот со хидроцентрали го добива во време кога е советник на неговиот ментор Никола Груевски.

Тоа е класичен судир на интереси.

Во 2015 година, кога Мицкоски бил советник кај Груевски, конзорциумот во кој удел има Мицкоски, токму од Владата на Груевски добива државно земјиште од речиси 33 илјади квадратни метри за изградба на хидроцентрала.

Истовремено, не е точно дека уделот на Мицкоски е само 7 отсто.

Официјални документи покажуваат дека во втората половина на 2017 година во конзорциумот „Минка-Енерготек“ била направена промена на сопственичката структура, со пренос на уделите.

Со таквиот пренос, „Енерготек ДОО Скопје“ на Мицкоски во конзорциумот „Минка-Енерготек“ има удел од 99 отсто, додека Минка-ДА ДОО Струмица има удел од само 1 (еден) отсто.

Кои се вистинските причини за овој потег на Мицкоски?

Од што се плаши Мицкоски да не се открие во овој случај?“, праша Васев.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ