(ВИДЕО) Васев: Од страв Мицкоски коалицира со Села и Гаши, но ништо нема да го спаси од пораз

Од:

„Понудата на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски за овие локални избори е понуда на стари, препознаени кадри блиски до Никола Груевски. Ништо ново нема во ВМРО-ДПМНЕ исти, истрошени кадри кои во времето на режимот биле носители на државни функции, денес Мицкоски ги претставува како нови лица и на тој начин ги потценува граѓаните“, кажа Стефан Васев од СДСМ.

„Со таква понуда, со таков однос Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ можат да очекуваат сигурен пораз на локалните озбори.

Тоа му е јасно и на самиот Мицкоски, затоа денес соочен со стравот од празот, коалицира со истите оние кои ги нарекуваше предавници, оние кои според ВМРО-ДПМНЕ „не го признаваат македонскиот идентитет“.

Од немај каде Мицкоски денес коалицира со Зијадин Села, човекот кој велеше дека „Македонците се варвари и канибали“, со Села кого сопартијците на Мицкоски ВМРО-ДПМНЕ на 27 април го нападнаа во Собранието и му нанесоа тешки телесни повреди.

Тие луѓе кои се обидоа да убијат пратеници меѓу кои и Села, Мицкоски до ден денес ги нарекува „уставобранители и чесни луѓе“.

Коалицијата Мицкоски, Села, Гаши е принудна и вештачка и како таква, осудена е на пропаст и нов пораз на изборите.

Граѓаните многу добро знаат како овие тројца политичари функционираа во изминативе години и затоа одново ќе ги казнат и ќе им испорачаат нов изборен пораз.

Граѓаните, масовно ќе застанат зад концептот на СДСМ и коалицијата кој обезбедува напредок и развој на државата и општините“, изјави Стефан Васев од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“