(ВИДЕО) Васев: Објавената снимка потврди дека протестот на таканаречените лозари беше партиски собир на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

„Јавно објавената снимка од партиски состанок покажа: блокадата на патот Прилеп – Градско не беше протест на земјоделци, туку единствено партиски собир на ВМРО-ДПМНЕ. На снимката јасно се слуша како претседателот на комисијата за земјоделие на ВМРО-ДПМНЕ Цветан Трипуновски го договара партискиот собир со претседатели на општински комитети“, рече Стефан Васев од СДСМ на денешната прес-конференција.

„Се потврди дека на таканаречениот протест не беа присутни лозари и овоштари туку членови на општински комитети на ВМРО-ДПМНЕ кои организирано биле носени на блокадата.

11 години ВМРО-ДПМНЕ како власт ги манипулираше, уценуваше и притискаше земјоделците, а денес и како опозиција го прави истото.

Во отсуство на конкретни идеи и мерки за земјоделците, ВМРО-ДПМНЕ продолжува со деструктивно однесување на штета на граѓаните.

За разлика од таквиот однос на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ како одговорна партија гради партнерски однос со земјоделците.

Денес, субвенциите се зголемени и се исплаќаат навремено и неселективно, зголемена е поддршката за младите земјоделци, а тековните проблеми се решаваат партнерски и во интерес на земјоделците.

Продолжуваме да работиме на развој и унапредување на земјоделството, ВМРО-ДПМНЕ продолжува со деструкцијата и блокадите.

Ваквите обиди на ВМРО-ДПМНЕ, преку бучава, врева, музика да ја спречат вистината се очајни и залудни. Граѓаните секојдневно ја гледааат деструктивноста, очајноста и безидејноста на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски. Се лажат Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ дека ќе ја сокријат вистината. Таа е една и од неа нема бегање.“, наведе Васев.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски ја труе цела Македонија – По седум градови, сега и Башино Село и изворите во Елшани и Велестово во Охрид

СДСМ: По седум градови, Лепенец и Вардар – сега Рич и Белотино со загадена вода

СДСМ: Кој гарантира и кој потпиша дека водата во Гостивар е технички чиста?

СДСМ: Да се повлече законот за „Скопје 2028“, со него се легализира корупција и се заобиколуваат јавните набавки

Катерина Ѓуровски

Прескокнувањето системски закони е аларм за корупицја – Антикорупциска реагира за Законот за „Скопје 2028“

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Клековски денес призна и за жолтица во Гостивар– време е кривично да одговара

Горан Наумовски