(ВИДЕО) Васев: Ново дефиле на Мицкоски за одбрана на криминалот, ВМРО-ДПМНЕ дејствува опасно по јавното здравје

Од:

„Очајниот губитник Христијан Мицкоски продолжува со неодговорно, незрело однесување, опасно по јавното здравје и спротивно на интересите на граѓаните.

Денеска безидејниот Мицкоски повторно ќе организира таканаречени протести кои се со единствена цел – спас на неговата фотелја во белиот дворец.

Дефилето со луксузни автомобили за одбрана на криминалот на ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе заврши во Штип“, вели Стефан Васев од СДСМ.

„Поучени од претходните вакви таканаречени протести со автомобили, ги советуваме приврзаниците на Мицкоски, луксузните автомобили, тие на „М“ да ги остават овде, а потоа кон Штип да продолжат со стари автомобили.

Токму така правеше нивниот ментор, криминалецот во бегство, Никола Груевски со мерцедесот од 600.000 евра кој го менуваше пред да влезе во некое населено место.

Во време кога се соочуваме со есенскиот бран на коронавирусот, Мицкоски продолжува да се однесува незрело и да биде закана по јавното здравје.

Во Собранието пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ги опструираат измените на Законот за заштита на населението од заразни болести, а надвор одржуваат јавни собири на кои редовно се прекршуваат мерките за заштита од КОВИД 19. Класично деструктивно дејствување на губитник Мицкоски.

Ништо не се менува во ВМРО-ДПМНЕ предводено од Мицкоски. Оваа партија знае само да брани криминал и да се обидува да го поткопува здравствениот систем.

За нив, личниот и партискиот интерес е далеку пред интересот и здравјето на граѓаните. Затоа губат три пати на избори, затоа се опозиција и затоа уште долго ќе останат таму“, изјави Стефан Васев од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ за прославата 35 години независност: Нема „нула“ денари, парите од Државна лотарија се народни

A1on

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

(ВИДЕО) Жерновски: Патриотизмот веќе не му поминува на Мицкоски

СДСМ: Мицкоски нема ништо државничко, „Талог“ е кампања по моделот на Ванчо Михајлов

Горан Наумовски

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Филипче: Нашата генерациска задача е да изградиме европска држава во која младите ќе сакаат да останат