(ВИДЕО) Васев: Мицкоски, Ѓорчев и ВМРО-ДПМНЕ навиваат државата да не добие датум за преговори

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски нудат само обнова на криминаланиот режим и богатење на неколкумина во белиот дворец. Затоа, ВМРО-ДПМНЕ се единствените кои работат против нашата интеграција во НАТО и ЕУ.

Последна потврда за тоа е изјавата на Владимир Ѓорчев, дека Северна Македонија не заслужува да добие датум за преговори. Прашуваме, дали Влатко Ѓорчев навистина мисли дека земјава не заслужува датум? Дали свесно работи и навива државата да не започне преговори со ЕУ?“, праша Стефан Васев од СДСМ.

„ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се спремни да и штетат на земјата само за политики поени, но не се свесни дека со тоа губат.

Граѓаните се против нивното антидржавно, неодговорно и деструктивно однесување.

Тоа се докажа и во Кратово со слабата посетеност на предвидената трибина на ВМРО-ДПМНЕ на која освен локалниот партискиот врв на опозицијата не се појавија граѓани.

Политиките на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се поразени од граѓаните, кои не дозволуваат одбрана на криминалниот режим.

Граѓаните на нашата државата тргнаа по патот на интеграциите и напредокот. ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски остануваат осамени во деструктивното однесување и одбрана на криминалот“, изјави Стефан Васев од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: Инфлација 5,7%, празни фрижидери, празни џебови, сиромаштија

Мециновиќ: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ саботираат една изборна единица

(ВИДЕО) СДСМ: Мицкоски брза на избори од страв од истрагите што доаѓаат по падот на Орбан

СДСМ: Документите за Груевски во Правда се „институционално“ заглавени или намерно блокирани

Кузеска: Груевски мора да одговара пред законот

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче се без концепт