(ВИДЕО) Васев: Мицкоски да одговори за чии интереси работи

Од:

„Нервозата во белиот дворец зад мене кулминира откако во јавноста се дозна дека самопрогласениот хистеричен политичар Христијан Мицкоски одработувал за странски центри и интереси.

Затоа Мицкоски се крие и се уште не дава одговор на јавно поставените прашања.

Какви информации добил? Зошто не пријавил во надлежните институции? За кои структури во Бугарија одработува и за какви цели го прави тоа?“, кажа Стефан Васев од СДСМ.

„Мицкоски да излезе во јавноста и да одговори, да не чека за неговото подмолно одработување да прозбори друг.

Нашата татковина е цела и останува цела. Мицкоски е опасност за државата и граѓаните.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ постојано кочат и блокираат, ја кочат борбата со коронавирусот, ја блокираат работата на Собранието, го кочеа напредокот кон НАТО, борбата против криминалот и корупцијата“, изјави Стефан Васев од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Штерјова: Поскапува парното, со арамијата Мицкоски животот на граѓаните е претворен во преживување

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Поповиќ: Под притисок на власта Уставен суд го укина колективниот договор – преседан против 2.000 работници во култура

СДСМ бара Гаши веднаш да свика итна седница за насилствата врз жените

Горан Наумовски

СДСМ: Како буџетот е предизвик за Мицкоски кога сме трета економија во Европа?

Директорката на „Алта груп“ која е во притвор во Белград има фирма во Скопје, објави СДСМ

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се кратат парите за спортот, со Борко Ристовски македонскиот спорт оди кон пропаст