(ВИДЕО) Васев: Мицкоски да ги осуди протестите каде лекарите се нарекуваа „убијци“

Од:

„Од ВМРО-ДПМНЕ и од Христијан Мицкоски во текот на целата пандемија со коронавирусот видовме само деструктивно, неодговорно однесување, прекршување на мерките, опструкции и поткопување на здравствениот систем“, рече Стефан Васев од СДСМ.

„ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски наместо почитување на мерките, поддржуваа протести на кои здравствените работници, се наречени ,,убијци”.

Дали за Мицкоски убијци се докторите и медицинскиот персонал кои го лекуваа додека беше заразен со коронавирусот?

Дали за ВМРО-ДПМНЕ убијци се оние кои повеќе од 18 месеци пожртвувано се борат во првата линија против коронавирусот?

Го повикуваме Мицкоски да престане со лицемерно и неодговорно однесување, да ги осуди овие срамни и навредливи протести, да се огради од нив и да почне да се бори против коронавирусот, кој се победува со вакцинација.

А, сега откако мерките го предомислија антиваксерот Мицкоски да се вакцинира, редно е да ги повика и граѓаните на масовна имунизација.

Остана и неодговорено прашањето кога Мицкоски, кој се чувствувал „лимитиран“, ја примил вакцината, дали на почетокот на август, кога објави на фејсбук или на 31 август, кога кажа на телевизија.

Не е ништо необично за Мицкоски, политичарот без став, да се изгуби во сопствените лаги, да шири невистини.

Додека Мицкоски се однесува незрело и неодговорно и претставува опасност за здравјето на граѓаните одново ќе биде поразен на локалните избори!“, изјави Стефан Васев од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“