(ВИДЕО) Васев: МЕПСО е претворена во фирма за вдомување на партиски активисти на СДСМ и нивни роднини

Од:

„Зоран Заев изврши масовна партизација во МЕПСО. За три години колку што е на власт го зголеми бројот на вработени за 40%.

Откако се дојдени на власт СДСМ до сега вработени се 160 лица, за на 11 овој месец да распишат оглас за уште нови 63 нови вработувања. Да 63 нови вработувања на 15 дена пред техничка влада. Огласот е распишан, а не е објавен ниту на интернет страната на АВРМ, ниту на другите релевантни страници“, рече Светислав Васев од ВМРО-ДПМНЕ.

„МЕПСО буквално е претворена во фирма за вдомување на партиски активисти на СДСМ и нивни роднини.

СДСМ во МЕПСО ги вработи своите невработени советници од Советот во општина Аеродром почнувајќи од претседателката Ивана Цветковска, завршувајќи со советниците Дејанчо Тенев, Аида Хочиќ и Маја Милановиќ Михајловиќ.

Дали и новите 63 вработувања се по сличен шаблон, па затоа огласот се крие и не се објавува, за што помалку кандидати да се пријават!?

Очигледно е дека наместо за развој на државата, СДСМ троши за партиски вработувања. СДСМ е спротивност од тоа што ветуваше. СДСМ прокоцка три години од животот на граѓаните и време е да си замине“, изјави Светислав Васев од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ