(ВИДЕО) Васев: Арсовска скандалозно го прекинува проектот за БРТ, на штета на Скопје и угледот на државата

Од:

„Градоначалничката од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска, уште во првите месеци од мандатот покажува неодговорен, нечесен однос кон граѓаните на Скопје. Веќе во вториот месец од мандатот Арсовска не работи ништо. Бега од новинари, поништи оглас за вработување на 20 пожарникари и останува запаметена по сообраќајниот хаос низ градот што граѓаните го гледаат секое утро и секое попладне“, рече Стефан Васев од СДСМ.

„Скандалозен е последниот потег на Арсовска да го прекине проектот Бас Рапид Транзит, кој се спроведуваше со поддршка од Европската банка за обнова и развој.

Три години се работеше овој револуционерен проект кој има за цел да внесе нов систем на ефикасен и еколошки јавен превоз во главниот град. Многу важен за скопјани.

Со средства од ЕБОР и со средства од градскиот буџет, направени се истражувањата и изработка на студијата на која учествуваа сообраќајни експерти од земјава и странство, како и проект за првата траса.

Беше потпишан и Договор со ЕБОР за наменски кредит од 70 милиони евра за изградба на двете траси на БРТ системот.

Сега, заради лични хирови, Арсовска го укинува овој проект кој што веќе е во процес на реализација и од висок интерес на скопјани.

Овој потег на Арсовска, освен што е против интересите на скопјани, е на директна штета на градот но и на државата, пред меѓународни финансиски институции како што е ЕБОР.

Наместо да работи за граѓаните, таа работи по инструкции од Белиот дворец и раководството на ВМРО-ДПМНЕ.

По првиот месец може да кажеме дека Данела Арсовска не се води од интересите на градот и не работи во интерес на скопјани“, изјави Стефан Васев од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он