(ВИДЕО) Васев: Арсовска ја прекина изградбата на мостот „Михајло Апостолски“ во Аеродром, на штета на Скопје и скопјани

Од:

„Ова е мостот генерал Михајло Апостолски, капитален проект кој го намалува сообраќајниот метеж во Скопје, во Аеродром и Гази Баба. Мостот е особено значаен за граѓаните на Аеродром и Гази Баба, со олеснување на движењето се намалува сообраќајот а тоа директно влијае и на намалување на загадувањето“, рече Стефан Васев од СДСМ.

„За жал и на штета на скопјани Данела Арсовска од само за неа познати причини решава да ја запре неговата изградба.

Тоа е несериозно, неодговорно и пред се нечесно кон граѓаните на Скопје.

Нема никакво оправдување за неспособноста на Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ.

Тие ја добија одговорноста од граѓаните да ги решаваат проблемите, а гледаме дека освен поништување и стопирање на капитални и важни проекти за друго не ги бива.

Да се биде градоначалник на Скопје значи дека треба да се работи за граѓаните и градот, а не само да се разрешуваат директори и да се поништуваат проекти.

Ако Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ не знаат и не можат да работат за Скопје и граѓаните, нека отстапат.

Скопје и скопјани не заслужуваат градоначалничка која наместо да вложува во развој на градот, таа прави се за да го спречи напредокот“, изјави Стефан Васев од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија

Кузеска: Обвинителството се заплетка со притворот за Груби