(ВИДЕО) Васев: Најавите за блокада на еколошката такса покажува дека нема ништо ново во ВМРО-ДПМНЕ

Од:

„Во ВМРО-ДПМНЕ под раководство на Христијан Мицкоски нема никаква нова понуда, нов концепт. Наводните нови политики на ВМРО-ДПМНЕ се лажни и провидни, тоа е истата режимска матрица која 11 години државата ја држеше заробена и изолирана“, кажа Стефан Васев од СДСМ.

„Христијан Мицоски и ВМРО-ДПМНЕ не можат да понудат ништо ново се додека се во тесна врска со луѓето од мрачното минато на државата. Мицкоски прво мора да се промени себе си, а тоа значи прво да раскрсти со Груевски. Но тоа го нема.

Тој сеуште застанува зад политиките на деструктивноста, лажните вести блокадите.

За време на преодната Влада ВМРО-ДПМНЕ блокираа поставување модуларни болници, денес се против изградба на нов Клинички центар.

ВМРО-ДПМНЕ во Собранието се противеа на зголемување на платите и пензиите.

Работат против 4.700 наставници да добијат трајно вработување.

Најавите дека ќе ја блокираат еколошката такса, покажува дека во оваа партија ништо не е сменето.

Блокади и деструкции, тоа е се што нуди ВМРО-ДПМНЕ предводена од Мицкоски.

Токму затоа граѓаните ќе им испорачаат нов пораз на предстојните локални избори“, изјави Стефан Васев од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: САД најавуваат закон за санкции за Вучиќ во Србија, дали Мицкоски мирно спие?

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: Измените на Законот за странци нов доказ за вистината

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Уставниот суд да ја поништи неуставната Резолуцијата, да го заштити Уставот и слободата на говор

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Реформи и консолидација во СДС може да има само со превземање одговорност и оставка на Филипче

СДСМ: Заедно со граѓаните и со опозициските политички партии отвораме фронт за правда