За Владата е тешко да прими пораки од народот и да реагира на пораките, понекогаш изгледа како да нема Влада, рече поранешниот медијаторот Питер Ванхауте на денешната конференцијата за друштвени медиуми Engage 2016.
Според Ванхауте во моментов нема парламент, но изгледа дека нема ни Влада затоа што како што вели тој, не ја гледа Владата да реагира соодветно на барањата на народот.
– Соодветна реакција би било да ве поканат на преговори и да се разговара за проблемите, вели Ванхауте.
Тој посочи дека не очекува избори на 5 јуни поради тоа што избирачкиот систем не е добар, како и дека треба да помине подолго време до создавање услови за фер и демократски избори.
Ванхауте во својот говор додаде дека разбира зоште се случуваат демонстрациите во земјава, како и дека демократско право е да се излезе на улица и да се бара запирање на корупцијата.