Белгискиот олеснувач на преговорите, Питер Ванхауте кој денеска учествуваше на настанот на неформалната група „На точак“,насловен „Ја поседуваш колата, а не патот“ ужива голема популарност меѓу македонскиот народ.
Голем дел од луѓето кои го видоа Ванхауте на плоштадот побараа да се фотографираат со него, а дел од нив се подбиваа со оние што не ја сфаќаат поентата на мачките кои тој ги постира на приватниот твитер профил.
– Без мачки, без лавови, без кучиња, само велосипеди, рече еден од граѓаните кои побара да се фотографира со него.
Скопјани застануваа и разговараа со него, а имаше и такви кои го фотографираа олеснувачот на преговорите како вози велосипед.
Виктор Јованов