ВИДЕО: Устевен ја одби иницијативата на новинарите, по правда во Стразбур

Од:

Скандалозна и апсурдна е одлуката на Уставниот суд кој одлучи дека новинарите на 24-ти декември биле отстранети од галеријата во Собранието поради нивна безбедност, вели првиот човек на ЗНМ, Насер Селмани.

За ЗНМ е нејасно како поради безбедносни причини новинарите беа исфрлени од пленарната сала, а внатре останаа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и членовите на владата каде се случуваше инцидентот.

Во образложението на Уставниот суд според Селмани стоело дека новинарите биле извадени од галеријата зашто некој фрлал со тврди предмети кон нив што било апсурдно и неточно.

„Уставниот суд се стави во одбрана на една очигледна злоупотреба на законодавната и извршната власт, и ги охрабри институциите во иднина уште подрастично да го ограничуваат правото на слобода на изразување и слобода на медиуми. Ваквото однесување на Уставниот суд уште повеќе ќе го влоши и така лошиот имиџ на Македонија во светот. ЗНМ и засегнатите новинари ќе побараат правда во Европскиот суд за човекови права во Стразбур. Веруваме дека Судот за 24-ти декември ќе утврди повреда на правото на слобода на изрзување и информирање зашто бркањето новинари не е направено согласно закон“, изјави Насер Селмани.

Бојан Стојановски

Би можело да ве интересира

ЗНМ: Попречувањето на новинарската работа е недозволиво

А1он

ЗНМ: Грубо прекршување на правата на новинарката Мирослава Симоновска: Повик за итна истрага

Чадиковски ги повика институциите да се најдат сторителите на запаленото возило на директорот и новинар на штипската Телевизија М НЕТ

ЗНМ: Запалено возилото на колегата Серсемов, бараме итна акција на МВР

Судскиот совет одлучи по претставката на ЗНМ: јавен укор за судијата Спировска Панева

ЗНМ: Нова контроверзна пресуда на Основниот граѓански суд Скопје