ВИДЕО: Уривање на црквата е голема лага и пропаганда

Од:

Додека трае паузата на седницата на Општина Центар, од општината информираат дека приказната за уривање на црквата во Центар е голема лага и пропаганда.

Тоа не е запишано во ниту еден документ кои што се доставени на седницата на Општина Центар и оттаму уверуваат дека прашањето дали ќе се урива црквата никогаш не било поставено.

Протестите ги сметаат за политички мотивирани при што се користат верските чувства на граѓаните, се злоупотребуваат чувствата во борбата против градоначалникот на Општина Центар.

Голем дел од тие што се дојдени да протестираат се жалат дека немаат да купат ни за леб и зборуваат за нивните економски проблеми.

Ситуацијата на моменти наликува на театар, дел од „верниците“ се обраќаат преку прозор внатре во салата.

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски