(ВИДЕО) „Урбан фест“ во Центар – уметници од Европа на меѓународен фестивал на живи статуи

Од:

Меѓународниот фестивал за улична уметност за живите статуи, „Урбан фест“, ќе се одржи на Сквер Јадран, во Центар, на 28-ми и 29-ти април.

Светски познати артисти од Германија, Бугарија, Холандија, Португалија, Србија, Босна и Херцеговина и Македонија ќе бидат дел од овој настан.

Војо Цветановски и Нора Шаќири, дел од организаторите на „Урбан фест“, посочија дека „Театроск“ групата настапува долги години ширум Европа и со фестивалот во петок и сабота, Центар ќе го доближиме на Европа.

Општина Центар застана зад овој проект и го поддржа затоа што, како што на прес конференцијата рече градоначалникот Андреј Жерновски, се работи за прекрасен проект, познат и признат во сите светски метрополи.

„На фестивалот ќе биде присутен и двократниот светски шампион во живи статуи. Ги поканувам сите центарци, сите скопјани и сите граѓани во петок и сабота да дојдат и да бидат дел од овој меѓународен фестивал“, рече градоначалникот Жерновски.

Фестивалот започнува на 28-ми април, петок во 20:00 часот, на Сквер Јадран, а во сабота – фестивалот ќе трае преку целиот ден, а крајот ќе го заокружат ди-џеите Маци и Оги.

Во сабота, за време на концертот на „Летечки пекинезери“, ќе настапат и артистите од „Европски статуа проект“. Граѓаните ќе ги забавува и познатата музичка група „Фолтин“.

Урбан фест е првиот фестивал кој на македонската публика ќе и’ овозможи вакво незаборавно светско искуство.

А вообичаеното донирање во шапките на артистите ќе биде наменето за лекување на самохраната мајка Наташа, која боледува од рак.

Би можело да ве интересира

24-годишен маж крвнички ги истепал децата на партнерката, едно дете е во животна опасност

Посебен режим на сообраќај во Скопје

Нова измама во Скопје, лажен полицаец зел над 5.000 евра

Скопјанец ја истепал сопругата и нивната ќерка, па оштетил дел од покуќнината

Снег во Скопје, врне и во останатите делови од државава

Измамена е 83-годишна жена, останала без 50.000 денари