(ВИДЕО) УМС: Спротивно на сите предизборни измислици на СДСМ, денес студентите не живеат во модерни студентски градови и немаат поквалитетно образование

Од:

„СДСМ измисли безброј лаги и ги искористи студентите за да дојде на власт. Спротивно на сите предизборни измислици, денес студентите во Македонија не добиваат поквалитетен степен на образование, не живеат во модерни студентски градови и не вежбаат во модерни теретани како дел од тие студентски градови“, вели Александра Петровска од Унијата на млади сили.

„СДСМ ги лаже, манипулира, дискриминира и омаловажува студентите. Ги смета за наивни и ја потценува нивната интелигенција. СДСМ даде безброј предизборни ветувања кои подоцна, откако сфатија дека ги изгубија локалните избори, решија да ги искористат како казна за студентите кои не ги поддржаа.

На голем број студенти им беше укинато правото на субвенциониран студентски оброк кој во предизборниот период беше користен како главна алатка за манипулација на студентите. Покачување на стипендии добија само еден дел од студентите, останатите се дискриминирани и оставени сами на себе.

Нема вработување после дипломирање, но затоа има енормно иселување на младите надвор од државата.

Студентите се свесни дека се излажани и искористени, затоа СДСМ веќе ја нема нивната поддршка.

Студентите покажаа пркос и храброст, и на локалните избори го казнија овој хибриден режим во заминување.

Како УМС на ВМРО-ДПМНЕ ветуваме и се обврзуваме дека студентите ќе живеат достоинствено, онака како што доликува на иднината на државата“, изјави Александра Петровска.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) УМС однесе атлас со знамиња пред влада: Известете не ако имаат и другите институции проблем со распознавање

Ана Ололовска

УМС на ВМРО-ДПМНЕ со перформанс пред Влада: Лажеа дека јазикот, историјата и идентитетот се заштитени

Горан Наумовски

УМС на ВМРО-ДПМНЕ: 101 година затвор за националното предавство кое Ковачевски, Османи и Маричиќ и го направија на Македонија

Ана Ололовска

Стефановски: Младите се заборавени од оваа власт, но не и од ВМРО-ДПМНЕ

А1он

(ВИДЕО) Јаулески: Изјавата на Пендаровски е потврда за суровата реалност во која ја живееме денес

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Јаулески: УМС на ВМРО-ДПМНЕ распишува оглас за пријавување на членови за телото Тим Млади

Ана Ололовска