ВИДЕО: Ултиматум од 24 часа за Адеми-исполнување на барањата или бојкот на наставата

Од:

Средношколците на министерот за образование Абдулаќим Адеми му дадоа рок од 24 часа да ги исполни нивните барања. Доколку барaњата не бидат исполнети тие најавија дека ќе ја бојкотираат наставата целосно или од петок нема да одат на часови воопшто.

Од министерството за образование побараа да ги слушнат и исполнат нивните барања и да не преговараат со унијата на средношколци која веќе две години е неактивна.

За нив е чудно како министерството за образование наеднаш почнала разговори со унијата на средношколци и постигнале взаемно прифатливо решение да не се полага математика кога како што велат тие министерот го барале под дрво и камен за да се сретнат.

На министерот за образование му порачаа да види колку средношколци денеска протестираа низ улиците на Скопје и колку од нив не се задоволни од реформите кои ги спроведува.

„Не третираат како лабараториски глувчиња. Остануваме со чист образ во настојувањата самите да одлучувме“, рекоа средношколците од пред МОН.

Средношколците се задоволни од бројката на ученици кои дошле на маршот.

„Бевме сведоци вчера на една средба на една не активна организација на средношколците или средношколската унија и си договори барања какви што таа си сака. Ние не се согласуваме со нивните барања и нашите барања не се исполнети. Не сакаме да полагаме матура и побаравме средба со министерот за образование и четири дена звоневме не добивме никого. Ги баравме под дрво и камен и не се јавија“, изјавија средношколците.

Бојан Стојановски

Би можело да ве интересира

Средношколците ќе учат до 10-ти, a основците до 17 јуни, ќе се одлучува како ќе се надоместат двете неработни среди за изборите

Преполовен бројот на новите средношколци во Струмица

Гимназиите веќе не се најпривлечни за учениците

Берин Мухамед нов претседател на Сојузот на средношколци

Ана Ололовска

Сојузот на средношколци ќе избира нов претседател и Извршен одбор

Ана Ололовска

Сојузот на средношколци поднесе иницијатива до Уставен суд, сите средношколци да имаат бесплатен јавен превоз