ВИДЕО: Улицата „Тасино Чешмиче“ со нов коловоз

Од:

Жителите на улицата „Тасино Чешмиче“, што живеат на потегот од улиците „Тодор Александров“ (поранешно „Салвадор Аљенде“), до „Ѓорѓи Скрижевски“, се задоволни бидејќи добија комплетно нов коловоз кој ќе обезбеди нормално движење по улицата.

„Улицата беше доста оштетена, се работи за сериозен зафат на површина од 1.600 м2, но нема да застанеме тука. На пролет продолжуваме со реконструкција на улицата „Ѓорѓи Скрижевски“, а потоа и „Рилски Конгрес“, изјави градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски.

Otvoranje - Tasino Cheshmiche (1)

„Градоначалникот имаше средба и со жителите на „Тасино Чешмиче“, но и на околните улици. Нивните предлози и барања веднаш ќе се разгледаат од надлежните служби во општината. Граѓаните се посебно загрижени од нестабилноста на земјиштето поради градежната експанзија и прашуваат кој и зошто го дозволи ова“, пишува во соопштението на Општина Центар.

Otvoranje - Tasino Cheshmiche (2)

„Реконструкцијата на улицата „Тасино Чешмиче“, посочи тој, е дел од амбициозниот проект „Работно Лето 2015“.

Дупките, нервозните возачи и небезбедното возење се минато на улицата „Орце Николов“. Таа е сега комплетно реконструирана, со нивелирани шахти и средени рабници“, велат од Општина Центар.

Otvoranje - Tasino Cheshmiche (3)

„За прв пат по 40 години, општина Центар гради градинка. Со сопствени буџетски средства, децата ќе добијат нов, најсовремен објект, градинката „Кочо Рацин“. Во тек е реконструкцијата и на градинката „13 ноември“.

Otvoranje - Tasino Cheshmiche (5)

Жерновски посочи дека се градат пјацети и паркови, се сади зеленило, три згради ќе добијат енергетски-ефикасни фасади, се реконструираат водоводи и атмосферска канализација, а нов асфлат, нивелирани шахти и сливници ќе се постават на улицата „Аминта Трети“ (поранешна „Ленинова“)“, пишува во соопштението на Општина Центар.

Otvoranje - Tasino Cheshmiche (7) Otvoranje - Tasino Cheshmiche (4)

Би можело да ве интересира

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски

Герасимовски: Со директорите на училиштата и градинките договоривме конкретни мерки, дератизација, дезинсекција и дезинфекција на сите училишни објекти

Герасимовски: Овој ден е важен, затоа што со секој глас се гради демократијата и иднината на Општина Центар

Горан Наумовски