ВИДЕО: Уапсени девет лица, главен идеолог скопски имам

Од:

Полицијата уапси девет лица а по 27 се уште трага. Се товарат дека врбувале поединци кои ќе војуваат на фронтовите во Сирија. Според министерот Чавков главен идеолог е имам од Скопје кој бил и главен организатор.

Полицијата веќе еден година собирала докази.

Полицајците извршиле 28 претреси а антитерористичката акција започнала околу во 03:30 часот. Претресени се 21 дом и други простории во Скопје, 4 во Гостивар и по еден во Тетово, Куманово и Струга, кај вкупно 24 физички лица и 4 објекти. Меѓу четирите објекти биле „Фастнет“ – интернет кафе во Скопје, придружните објекти на Тутунсуз џамија, како и просториите на невладините организации „Искра на милоста“ и „Исламска младина-Сарај“.

Според оперативните сознанија со кои располага министерството, 20-тина лица сеуште се наоѓаат на боиштата главно во Сирија.

При преземените мерки и активности во однос на извршените претреси, со потврда за одземени предмети, одземени се: 38 десктоп компјутери, 18 Лап топ компјутери, 18 Таблети, 119 мобилни телефони, 77 СИМ картички, 65 држачи за СИМ картички, 6 Хард дискови, 45 УСБ стикови, 35 мемориски картички, еден Пиштол, Тактички елек со опасач и футрола, парични средства (2870 евра и 900 долари), 3 патни исправи, 114 ЦД-а, Потврди за Western Union, 2 боксирачи, 3 Камери, 3 Фотоапарати, МП3 плеер и два диктафони.

МВР нема прецизни информации дали на територија на Македонија има центри за обука.

Би можело да ве интересира

Тешко повредени тројца пешаци во три сообраќајни несреќи

Стопанска комора: Потребни се решенија, не блокади на граничните премини

Од 12 часот стоп за камионите на границите, МВР гарантира проток за автомобили и автобуси

Горан Наумовски

Лажни електронски пораки во име на директорот на БЈБ и од Единица за кибер безбедност, апел од МВР за внимателност

Се појавија лажни пораки, наводно испратени од „Безбеден град“ – МВР апелира да не се споделуваат лични податоци

А1он

МВР распиша меѓународна потерница за Саит Саитов, момчето кое усмрти жена во Капиштец

А1он