ВИДЕО: Уапсен еден од најбараните криминалци во Македонија

Од:

Полицијата синоќа го уапсила Ф. Арслани, првоосомничен во акцијта Чекан. Според се уште непотврдени информации, Арслани е уапсен во Гостивар, пренесе Сител.

Полицијата на 10 декември лани во акцијата Чекан приведе 15 лица а по четворица меѓу кои беше Арслани се трагаше. Меѓу осомничените има и адвокати и извршител од Скопје. Сите се сомничат за злосторничко здружување, лихварство, изнуда и фалсификување исправи.

Арслани поседува луксузен хотел од стотици илјади евра со поглед на Мавровското езеро, дискотеки и ноќни клубови, висококатници и други скапи недвижности, како и десетици спортски автомобили од по 100.000 евра, а полицијата се сомнева дека првиот осомничен во акцијата „Чекан“ целата своја империја ја градел со криминални активности, односно од лихва и перење пари, а за сега од полицијата има сомнежи дека најмалку два милиони евра биле заработени на овој начин.

Од полицијата соопштија дека засега има докази 862.298 евра кои Арслани ги заработил преку криминални активности, а запленети се 43.510 евра, 12.080 швајцарски франци и 239.850 денари, околу 20 луксузни автомобили како, хамери, масерати, ауди и слично, од оружје 4 пиштоли без дозволи, ловечка пушка, куршуми, нож, боксирач, три рамки за пиштол, седум мобилни, 11 сим-картички, договори и предмети поврзани со оштетени лица како и договори за заем на парични средства.

Би можело да ве интересира

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена