(ВИДЕО) Твоето наследство Никола нема да бидат белите грди згради, туку сите ние кои протестираме!

Од:

Пред Собранието на Република Македонија граѓаните кои бараат оставки од Владата денеска повторно протестираа откако претходно пред Основен суд 1 побараа да бидат ослободени студенитите кои се во притвор по протестите минатиот вторник. За прв пат пред Собранието неколку активисти одржаа говори порачувајќи му на премиерот, Никола Груевски, дека граѓанското движење нема да се смири се додека Владата топтан не поднесе оставки.

– Никола баравме оставка на целата Влада, а не селективни оставки за да можат да се спасат твоите најблиски соработници. Никола, за тебе одамна помина 12 часот, одамна е напишана историјата. Никола, исто како што Хителер не е познат по тоа што го направил својот.

Трети рајх, како што не успеал да ги уништи сите свои неистомисленици, така Никола тоа нема да биде ниту твоето наследство. Твоето наследство нема да биде целиот овој барок, грдата бела шампита што ја нарекуваш твоја канцеларија, твоето наследство нема да биде комплексот грди бели згради, твоето наследство сме сите ние овде, граѓа движење #ПРОТЕСТОРАМ. Ние сме овде, се научивме како треба да се бараат нашите права и нема да отстапиме до крај – рече еден од активистите.

Граѓаните протестираа барајќи слобода и извикувајќи „Убијци! Убијци!“.

Би можело да ве интересира

„Нема да нè снема“, „Ниту една повеќе“: Протест во Скопје против фемицидите, побарана одговорност за смртта на Билјана

Протест против фемицид и институционално насилство во Скопје – „Жените продолжуваат да бидат убивани“

А1он

(ВИДЕО) Протести на турските новинари против властите

Жените во Полска повторно се уличен протест, го обвинуваат Туск дека не го исполнил ветувањето за либерализација на абортусот

Локалните жители ја блокираа депонијата Краста: Шест месеци сме го голгота

Илјадници Шпанци на улиците поради станбената криза: „Вака повеќе не може“

Предраг Петровиќ