(ВИДЕО) Тупанчески го оправдува Џафери за отфрлање на референдумот: Тоа би значело отворање на Пандорината кутија

Од:

Никола Тупанчески, професор по право и министер за правда во интервју за „А1он“, посочува дека има аргументи за одбивање на иницијативата за референдум, но и за прифаќање на референдум кога во прашање е Договорот со Бугарија. Тој посочува дека повеќе аргументи има за отфрлање на иницијативата и би постапил како и Џафери во делот на оценката.

„Во однос на правниот контекст и она што е најважно во целата работа, има член 118 од Уставот на Република Северна Македонија. Размислувам правно, но и холистички (филозофски) во целава работа. Дали еден меѓународен договор или договор може да биде суспендиран со закон? Затоа што на крајот од краиштата, зборуваме холистички, во однос на правната сигурност во една држава, Северна Македонија има потпишано многу билатерални и мултилатерални договори. Тоа значи дека како држава можеме еднострано или врз основа на највисоката алатка на демократијата – референдум, да ги коригираме тие договори. Постои можност нашата држава еднострано да не го прифати тој договор, но начинот на кој тоа треба да го направи не треба да биде онаков како што сега се прави“, посочи Тупанчески за „А1он“.

Во интервјуто посочи зошто рестриктивното толкување на Уставот е подобро, односно постапувањето на Џафери.

„Се согласувам дека во ингеренциите на претседателот на Собранието влегува оценката на уредноста. Дали претседателот треба да се впушти во мериторно оценување на самата иницијатива, реков дека има две стојалишта, двете имаат своја аргументација. Да сум на местото од Талат Џафери, уредноста сигурно мора да се оцени. Меѓутоа, повторно би се движел кон рестриктивно толкување на Уставот, заради афирмација на начелото на владеење на правото. Тоа би значело дека навистина прифаќањето на иницијативата за референдум би значело разнишување на она што се нарекува база или фундамент“, додаде тој.

Прашан дали со ставот е на иста линија со Талат Џафери, тој одговори: „Да, со тоа што повторно велам, можеби од политички или ако сакате од тактички, дипломатски контекст, и да беше оставена таа иницијатива, дефинитивно ќе имаше луѓе кои ќе ја оспореа како иницијатива“.

Тупанчески го коментираше и ставот на професорката Мирјана Најчевска, која напиша: „Џафери го прекрши Уставот, покажа недозволено незнаење на правото и ѝ плукна во лице на демократијата“.

„Тоа е став на професорката Најчевска. Често сум се разликувал од нејзините ставови. Меѓутоа, дефинитивно реков, не заземам став, но има аргументи и за едната и за другата теза. Кога рековте кои аргументи ќе бидат доминантни, сметав дека тоа е рестриктивното толкување, затоа што ова би можело да значи отворање на Пандорина кутија. И јас имам забелешки за овој договор, дека може да биде попрецизен и така натаму. Тој е некое компромисно решение каде и двете страни се незадоволни. Токму затоа велам, колку сме ние незадоволни е прашање за дискусија“, кажа Тупанчески

Целото интервју со министерот Тупанчески, во кое зборува за подмитување  судии и обвинители, плаќањето пари за пониски казни, случајот „Рекет“ и случајот „Империја“, новиот Кривичен законик и казните, за корупцијата во затворите и подмитувањето на медиумите, вечерва во 20 часот на „А1он“.

Би можело да ве интересира

Лога на чекор да му го земе министерското место на Тупанчески, актуелниот министер: Се зборува дека местото ќе биде на берза

Кристијан Ландов

Тупанчески: Мора да бидеме внимателни со ветингот, дали тој ќе биде парцијален или ќе се однесува на сите функционери

Тупанчески: Некој функционер го искористил дискреционото право овозможувајќи предвремено полагање на правосудниот испит

Тупанчески: Државата е одлучна во процесот за постигнување дигитална трансформација на правосудството

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Тие што треба да донесат правда се испотепаа, се купува ли слобода со пари – интервју со министерот Тупанчески

Кристијан Ландов

Тупанчески: Новата зграда на Управен суд ќе обезбеди подобри услови за водење на судските постапки