ВИДЕО: Трубачи за скопските полуматуранти, на оро со наставниците

Од:

Скопје утрово ечеше од трубачи во училиштата. Славеа полуматурантите кои синоќа биле на жур, а денес, место на час, играа оро пред училиштата на музика од трубачи.

„Синоќа славевме во диско, имавме супер жур, а денес дојдовме да прославиме и во школскиот двор. Некои од нас не ни спиеја. Отидоа дома само да се пресоблечат и дојдоа тука на клупите да ги чекаат трубачите“, ни рече еден од полуматурантите од „Димитар Миладинов“ во скопски Центар.

На трубачите им се израдуваа и сите други ученици од ова училиште. И тие денес немаат настава, одат на еднодневен излет, па половина час пред да тргнат се забавуваа со полуматурантите.

На полуматурантското оро се фатија и наставниците од училиштето. Им одржаа уште една лекција, овој пат за играње.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар