(ВИДЕО) Трпкова: Ќе спиеме на факултетите и на студентите ќе им носиме храна

Од:

Професорката на Факултетот за драмски уметности, Синоличка Трпкова рече дека ако треба и тие како професори ќе преноќат на факултетите а ако е потребно ќе им носат храна на студентите од Студентскиот пленум кои одлучија да преспијат на факултетите.

Според Трпкова слободата на универзитетот е слобада за сите граѓани. Студентите ја извојувале слободата за сите граѓани смета професорката.

„Ние сме привелигирани да бидеме дел од најголемиот историски настан на Македонија. Сите зборуваме за слободата, држиме говори, но никој не го направи тоа како што го направија студентите.
Ако имаме слобода во образованието, слобода да го кажеме тоа што сакаме, тогаш сме слободни. Студентите ја извојуваа слободата за сите нас, додека ние чекавме, им наоѓавме маани, ги критикувавме. Јас сум горда што сум професорка на овие деца, тие не водат сите нас. Респект за студентите на Република Македонија.
Ние ги поддржуваме во нивните барања. Ако треба да спиеме со нив ќе спиеме, ако треба да им носиме јадење ќе им носиме, зошто ние сме дел од нив а универзитетот е наш на студентите и професорите, ова е наш дом, ова е наша куќа“, рече Синоличка Трпкова.

Би можело да ве интересира

Од Македонија годишно заминуваат околу 2500 високообразувани кадри

Катерина Ѓуровски

Мицкоски најави ваучери за таблети за сите студенти во вредност од 250 евра

Министерството за образование нема да го плати долгот од осум милиони евра за студентски превоз без судска одлука

Катерина Ѓуровски

Бостонската полиција уапси 100 студенти на протестите против војната во Газа

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

Студентското собрание го презентираше Студентскиот манифест – неопходно е општествените чинители да се запознаат со итноста од преземање на мерки