(ВИДЕО) Трпески: Рашковски сам си определил да биде владин повереник за хонорар од 500 евра по седница.

Од:

„Владата на СДС само декларативно се залага за транспарентност, во реалноста далеку од очите на јавноста работи нетранспарентно и незаконски.

Имено Драги Рашковски, Генерален секретар на владата се самопредложи за владин претставник во Собранието на акционери на Македонски Телеком. Владата го гласаше, а Рашковски сам си го потпиша своето назначување за хонорар од 500 евра по седница.

Во владиното соопштение за 19-та седница одржана на 3-ти август нема ниту збор за скандалозното самоназначување на Рашковски за владин претставник во Телеком.

Ова именување е спротивно на закон. Имено Согласно член 18 од Законот за спречување на судир на интереси, службеното лице Драги Рашковски не може да биде член на управен или надзорен орган во трговско друштво, јавни претпријатија, агенции, фондови, и сите други организациони облици со доминантен државен капитал, што значи дека Законот за спречување судир на интереси не дозволува Драги Рашковски како Генерален секретар на влада да биде назначен и за владин претставник во Собранието на акционери на Телеком.

Значи, Рашковски сам си определил спротивно на закон да биде владин повереник за хонорар од 500 евра по седница.

Бараме расипничката влада на СДС да понесе одговорност, подитно Рашковски да се повлече од позицијата претседател на Собранието на акционери на Телеком или од позицијата Генерален секретар на владата.

Ова е уште еден пример како кадрите на Заев се богатат на сметка на државата и ги полнат своите џебови. Казната и вистинската порака ќе ја добијат на 15-ти октомври кога народот ќе ги казни за ваквото самоволие“, изјави Славче Трпески, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Трендафилов призна дека СДСМ и Левица стојат зад протестите на ССМ

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Случајот со планот за насилно преземање на болницата Жан Митрев е доказ за тоа како Филипче и Заев ги користеле државните институции за лични интереси

Стojаноски: Али и Венко додека беа на власт другаруваа правејќи криминални шеми, а сега се здружени против безбедноста и животите на граѓаните

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ