(ВИДЕО) Трпески: Од денес тргнуваме кон нови победи

Од:

„Од денес тргнуваме кон нова ера, кон нови победи, за подобро утре на сите граѓани, со нови сили, со нова енергија одиме напред. Силно чекориме кон економска просперитетна и политички стабилна Република Македонија.

Нашето лице и одлика е нашата работа и нашите сработени дела, кои ги има на секаде. Најавуваме нова ера на напредок и просперитет, која ќе гарантира подобро утро за сите.

ВМРО-ДПМНЕ ќе работи во насока на севкупен развој на економијата, потребни ни се 4% раст на БДП на годишно ниво и над 12.000 долари приход по глава на жител.

ВМРО-ДПМНЕ смета дека е потребен развој на претприемачкиот дух и поттикнување на иновациите врз основа на кои треба да се заснова растот на економијата.

За развој на економијата и бизнисот потребна е ниска стапка на јавен долг, кој со закон мора да се гарантира дека не може да надмине над 60%.

Приоритет ни се среќни граѓани. Намалувањето на невработеноста е најуспешен начин за создавање на среќно општество на среќни граѓани. ВМРО-ДПМНЕ има за цел невработеноста во Република Македонија да падне на ниво под 10%.

Главен фактор за креирање и постигнување на ниска стапка на невработеност е добрата бизнис клима, неа ќе ја поттикнеме со помали даноци, со тенденција Република Македонија да стане земја со најниски даноци во светот.

Посилната економија ќе допринесе и за раст на платите и пензиите. И намалување на сиромаштијата за 3/4.

Развиената економија ќе гарантира поголеми инвестиции во инфраструктурата.

Новата ера и нашата визија за Македонија предвидува и модернизација на селата, раст на земјоделските субвенции, поквалитетно образование, поквалитетно и пофункционално здравство и жестока борба против криминалот.

Ова се нашите цели. Ова е нашата визија. Економски силна и просперитетна Република Македонија. Започнуваме ново поглавје. Поглавје на победи за Република Македонија“, изјави Славче Трпески, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус