(ВИДЕО) Трпески: Коцевски остварил приход од над 2 милиони евра, а на вработените не им исплаќал ниту минималец

Од:

Славче Трпески од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција рече дека „милионерот и вечен кандидат за градоначалник на Велес“, Аце Коцевски на вработените во својата фирма им давал плата од 9.590 денари.

– Човекот за кој медиумите известија дека остварил над 2 милиони евра приход во изминатите четири години на своите 40 работници во неговата АФИОН ДООЕЛ не им го исплаќал ниту минималецот кој им бил загарантиран со закон. Тој не се воздржува во медиумите да зборува за платите на вработените во странските инвестиции, но никаде го нема да каже дека во неговата милионска фирма во 2015 година на работниците не сакал да им ја додели ниту минимална плата. И додека на вработените во неговата АФИОН ДООЕЛ во 2015 година тој им исплаќал мизерни 9.590 денари плата на своето конто како чист профит тој си остварил над 2 и пол милиони денари. За себе над 2 и пол милиони денари, а за работниците ниту минималец, рече Трпески.

Како што кажа тој, Коцевски сега по петти пат е кандидат на СДСМ за градоначалник на Велес и додаде дека тој за многу кратко време и по многу индиции на сомнителен начин натрупал богатство преку својата фирма која ја основал само 8 месеци по завршување на неговиот втор градоначалнички мандат.

– И наместо јавноста од вечниот кандидат за градоначалник, Аце Коцевски да добие одговор за објавените скандалозни податоци поврзани со неговата милионска фирма тој излегува со закани. Наместо отчетност пред граѓаните тој со тужби им се заканува на медиумите. Господине Коцевски, вие имате морална обврска да излезете пред јавноста и да дадете објаснување за сите објавени сомнителни податоци и документи каде што стои вашето име. Вие господине Коцевски барате доверба од граѓаните. Довербата не се заслужува со игнорирање, молк и закани, рече Трпески.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?