(ВИДЕО) Трипуновски: Заев без срам прати специјални единици против напатени земјоделци

Од:

Зоран Заев и СДСМ со специјалци и борбени оклопни возила се обидоа да спречат мирен земјоделски протест. Како во најцрните времиња на комунизмот народот требаше да биде заплашен и замолчен, рече Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната прес-конференција.

„Земјоделците го живеат најцрниот период во овие 29 години македонска држава. Големиот одзив, и покрај полициските сили и притисоци на Заев и Спасовски покажуваат колку е тешка маката на македонските земјоделци.

Субвенциите не стигаат до крајниот земјоделец, а целиот сегмент е во рацете на локални моќници кои печалат на маката и трудот на работливите земјоделци. Но Земјоделците го кренаа гласот и нема назад.

Зоран Заев вчера и нареди на полицијата на Спасовски да ги спречи земјоделците да го изразат својот револт против ненародната власт која три години лаже и манипулира со нивниот труд.“, додаде Трипуновски.

„Да погледнеме видеото од вчерашниот протест од кој јасно се гледа како Заев им се закануваше на земјоделците со специјалци наоружани до заби. Со цел да ги исплаши и спречи мирно да протестираат пред Владата на Република Македонија, рече Трипуновски.

„Зоран Заев и неговите луѓе во МВР вчера го прекршија член 21 од Уставот на Република Македонија, кој го гарантира правото на протест.

Правото на протест не може да биде ограничено. Зоран Заев вчера го ограничи.

Заев вчера крена рака против сопствениот народ.

Само тоталитарни режими се обидуваат со сила да го замолчат народот. Од вчера власта на Зоран Заев и официјално е тоталитарна.

Заев без срам прати специјални единици против својот народ. Против напатени земјоделци кои цела година работат, а не можат да спечалат ни за леб. Заев вчера покажа дека е исплашен.

Заев е исплашен од сопствениот народ кој ќе го порази на избори. Нема да го спасат ниту специјаци, ниту оклопни возила. Доаѓа 12 април. Падот на СДСМ е се поизвесен. Доаѓа време за понесување.“, наведе Трипуновски.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања