(ВИДЕО) Трипуновски: Заев бега од дуел затоа што вистината боли

Од:

Додека нашиот северен сосед има инвестиции од милијарда евра, кај нас државата пропаѓа. Во разговори со земјоделците, тие го истакнуваат своето незадоволство во делот на земјоделското производство. Сето она што е произведено изминатава година, буквално е фрлено на ѓубришта. Ниту пченицата, ниту пиперката која што е актуелна за откуп овој момент, ниту имаат цена, ниту имаат пласман. И сето ова се случува додека Зоран Заев и неговиот министер Николовски го премолчуваат сето ова, рече Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ во Могила.

– Неминовно е да се спомне дека граѓаните го нотираат и капитулантскиот договор кој што го потпиша Зоран Заев и кој што ги убедува граѓаните доколку референдумот успеел државата ќе тргнела напред, ќе се отворел пазар од 500 милиони евра, ќе се пласирале земјоделските производи, а притоа бега од дуел со претседателот Мицкоски, каде што треба да се соочи и да каже дека тој договор работи против националните и државните интереси, дека со тој договор се менува идентитетот и историјата на Република Македонија. Бега од дуел затоа што вистината боли, затоа што на маса ќе паднат маските кој е за Македонија а кој е против Македонија, рече Трипуновски.

Тој рече дека граѓаните знаат оти владата на Заев е неспособна да ја води државата, неспособна да го води земјоделието, здравството, образованието и економската политика.

– Исто така сакаме да порачаме дека овие стеги ќе паднат кога Зоран Заев ќе замине од власт, за да државата оди напред, да се движи во една позитивна насока, тоа мора да се случи што е можно поскоро.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните да бидат спокојни, нема да одиме по стапките на СДС и ДУИ

ВМРО-ДПМНЕ: ССМ и Трендафилов одбија 40 отсто зголемување на платите

СДСМ: ЗНАМ се дели, ВМРО прави ново движење за создавање контролирана и раситнета опозиција

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Сѐ што има Мицкоски е стекнато чесно и законски

Горан Наумовски

„За ВМРО-ДПМНЕ нема подобро решение од Венко Филипче – проблемот е што тој е штетен за Македонија“, реагираат од владејачката партија

А1он

(ВИДЕО) Стојаноски: СДС и ДУИ наместо да се надминат себе си, одлучија да тераат инает

А1он