(ВИДЕО) Трипуновски: ВМРО-ДПМНЕ било и ќе остане меѓу граѓаните

Од:

„Согласно теренските активности на ВМРО-ДПМНЕ денеска сме во Ново Село на разговори со жителите од Ново Село. Согласно активностите на ВМРО-ДПМНЕ разговараме за сите проблеми кои што ги тежнеат жителите од Ново Село. Кои што ќе бидат составен дел од програмата. Се со цел да понудиме решенија на овие проблеми“, рече Цветан Трипуновски, Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„ВМРО-ДПМНЕ било и ќе остане меѓу граѓаните и постојано ќе разговара за сите оние ситуации кои што ги тежнеат.

Сакам да истакнам дека добро е што СДСМ и Зоран Заев се охрабрија конечно да излеземе на избори, и граѓаните конечно да си го кажат своето незадоволство.

Се наоѓаме во југоисточниот дел на Република Македонија, поточно во земјоделскиот крај каде што на огромно незадоволство земјоделците информираат дека се клекнати на колена, дека едноставно овие две ипол години колку што СДСМ е на власт ги преживуваат најтешките години од своето постоење.

Само за потсетување немаше земјоделска категорија, немаше земјоделец кој што не беше разочаран од не ценење на неговиот труд. Немаше земјоделски производ кој што не беше фрлен на буништата наместо да се продадат по европските пазари како тоа што го ветуваше СДСМ и Зоран Заев, дека откупувачите ќе се тепаат за кој да го земе нивниот род.

Она што вака во овие денешни разговори во Ново Село кои што ќе бидат преточени во проекти, односно решенија во идната програма на ВМРО-ДПМНЕ значат дека ВМРО-ДПМНЕ има концепт за подобра иднина на сите граѓани во Република Македонија, меѓу кои и нормално и земјоделците.

И се надеваме дека СДСМ конечно ќе излезат на избори ако во меѓувреме не се предомислат, со оглед на оние ситуации кои што ги има во моментот.

Така да овие разговори се во онаа постојана комуникација, што ќе значат подобар живот за сите граѓани на Република Македонија.

Од тука сакам да упатам дека во овие разговори, овие проблеми кои што ги посочија жителите на Ново Село ќе бидат преточени во решенија, односно проекти во идната предизборна програма која што ќе ја понуди ВМРО-ДПМНЕ наредниот период“, изјави Цветан Трипуновски, Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски