(ВИДЕО) Трипуновски: Ниту една фингирана кривична пријава против мене нема да ме заплаши

Од:

„СДСМ ги злоупотребува институциите за партиски цели. Во последните година дена, откако почнав да ги обелоденувам катастрофалните политики на СДСМ во земјоделието станав трн во око за фамилијата Заеви.

Првин ме избркаа од работа, а откако видоа дека не можат да ме запрат, почнаа да бараат начин трајно да ме замолчат.

На неколку наврати ми беа испраќани провокатори кои сакаа да ме предизвикаат на физичка пресметка. Не подлегнав.

Во последните месеци засилено работеа на изнаоѓање на начин како да ми измислат и натоварат дела, и да ми подигнат лажно обвинение, како наместо по комитети би ме влечкале по судови“, рече Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Моментално веќе подолг период во фиока во МВР стои изготвена фингирана кривична пријава против мене, без основа и аргументи.

Овие информации дојдоа до нас од страна на свиркачи, кои се загрижени во кој правец се движи државата. Институциите целосно се ставени во функции на фамилијата Заеви.

Правна држава не постои се додека на власт е Заев и фамилијата.

Заев го претвори животот на македонецот во пекол. Дури и затворот е поблага форма на измачување од пеколот кој Заев им го приредува на граѓаните секој ден.

Попусти се сите обиди за заплашување. Сите уцени и закани. И сто кривични да ми поднесете и што и да се обидете да ми направите вие нема да ме замолчите.

Јас останувам рамо до рамо со земјоделците. Ќе се борам за нивните права. Ќе се борам за напатениот македонски земјоделец.

Упатувам порака до сите оние кои учествувале во изготвување и процесуирање на фингираната кривична пријава, како против мене така и против други политички неистомисленици на СДСМ дека времето на безредие поминува.

Доаѓа 12 април. По 12 април доаѓа обнова. Обнова на правната држава пред се. Тогаш секој еден кој се огрешил пред законот, злоупотребувал институции и на сметка на политичката позиција шиканирал луѓе ќе мора да сноси одговорност“, изјави Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ