(ВИДЕО) Трипуновски: Водостопанство исплаќа 1.150 евра плата на вработен, а нема пари за одржување на каналската мрежа

Од:

Се наоѓаме пред АД Водостопанство, претпријатието кое што е одговорно за наводнувањето во Република Македонија. Имаме нефункционални канали за наводнување низ цела Македонија, иако земјоделската сезона е во полн ек, се обрати денеска Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

„И додека АД Водостопанство нема пари за оспособување на каналите, истото претпријатие исплаќа астрономски плати.

Ова е потврда за исплатена плата од страна на АД Водостопанство кон свој вработен, од неа се гледа, дека месечната исплатена бруто плата изнесува повеќе од 100.000 денари, додека нето исплатената плата која ја добива на сметка е речиси 70.000 денари.

Почитувани, АД Водостопанство исплаќа плата од 1.150 евра плата на свој вработен, а нема пари за поправка и тековно одржување на каналската мрежа низа Република Македонија.

Расипнички се трошат вашите пари почитувани земјоделци. Вие исплаќате огромна сума на пари кон АД Водостопанство, а истото наместо да ви пружи услуга каква што заслужувате дели плати од 1.150 евра на своите вработени.

И ако погледнете реално, плата од 500 евра има само за блиските луѓе на власта, за земјоделците нема пари, тие немаат ни леб да јадат. Егзистенцијата на земјоделците е алармантна, а директни виновници за тоа се Зоран Заев и СДСМ.

Власта има пари за се, само за земјоделците нема. Ова набргу ќе се смени. Зоран Заев и СДСМ мора да си заминат. Ова е вистинскиот режим, кој мора да си оди. Потребна е влада која ќе се грижи за земјоделците, а ВМРО-ДПМНЕ ќе го направи тоа многу брзо.“, заклучи Трипуновски.

Би можело да ве интересира

Левица: “Транспарентност“ по вмровски рецепт – ДПМНЕ предлага да платиш за да видиш кој го добил тендерот, итно да се повлече предлог-законот

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучиле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски