(ВИДЕО) Тримчевска: Царовска се заканила на група граѓани во Гевгелија дека доколку не гласаат за СДСМ ќе им биде укината социјалната помош

Од:

Милка Тримчевска од ВМРО-ДПМНЕ денеска во изјава за медиумите рече дека СДСМ продолжува со злоупотребите, заканите, уцените и притисоците врз граѓаните. Како што кажа таа, Царовска почнала да се заканува на оние кои треба да ги заштитува.

– Царовска во Гевгелија уште еднаш на дело ја покажа деструктивноста на СДС и дека државата и партијата за нив се едно. На средбата со вработените од подрачната единица наместо да се дискутира за нивните проблеми, средбата прераснала во хистеричен напад од министерката кон вработените. Конкретно таа се заканила на Ангелина Петкова, кандидат за советник од ВМРО-ДПМНЕ за општина Гевгелија. Заканите од Царовска кон Петкова, која истовремено е вработена во министерството, се злоупотреба на функцијата и класичен пример за мобинг на работното место. Граѓаните имаат демократско право да бидат вклучени во политички дејствија надвор од работното време, рече Тримчевска.

Таа додаде дека врв на злоупотребите, според нивни информации, бил настапот на Царовска со Ташко Дојчинов – носителот на листа за советници на СДСМ во Гевгелија.

– Тие двајца безсрамно се заканиле на најранливата група на граѓани во Гевгелија дека доколку не гласаат за СДС, ќе им биде укината социјалната помош. Закани врз основа на политички став е знак на слабост и страв. Нивниот страв од повторување на неуспехот од локалните избори во 2013 година деновиве го гледаме на терен низ цела Македонија. Неодговорноста, лицемерието и неработењето на владата на СДС предизвика само револт кај граѓаните. Затоа народот на 15-ти октомври ќе ги казни за сите закани кои ги добиваа од СДС, рече Тримчевска.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче врши селективна борба против корупцијата

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер

ЛДП бара СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да вратат 4 милиони евра што ги зедоа за финансирање на политичките партии

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ бара Обвинителството да отвори предмет и да ги провери наводите на Филипче за криминал тежок 37 милиони евра кај договорот за хеликоптерите

Левица: И по четири човечки жртви, власта повторно го отвора коритото на Пчиња за бизнис 

(ВИДЕО) Стефковски ѝ се закани на советничката од Левица, Маја Никодиновска со ликвидација: „Пази да не завршиш како Оки и Жила“, тврдат од Левица