ВИДЕО: Три години од „Црниот понеделник“

Од:

Минаа три години од таканаречениот „Црн понеделник“.

На 24. декември 2012 година, кога требаше да се гласа Буџетот, или колку и како ќе троши државата, новинарите и пратениците беа влечени, тепани и брутално исфрлени од Собранието на Република Македонија. Беше онезвозможено да се дебатира и да се пренесе на јавноста.

„Бомбите“ на опозицијата покажаа зошто ова не требаше да го види и чуе никој.

Тепањето и исфрлањето на колегите од опозицијата, немо го набљудуваа нивните колеги од власта, а во салата беа и министрите за внатрешни работи и финансии.

Утрото на 24. декември пред Собранието се собраа неколку илјади граѓани за да им дадат поддршка на пратениците од опозицијата и на медиумите.

Но наспроти нив беа донесени и контра-протестанти. Меѓу нив до заби опремени полициските сили.

Би можело да ве интересира

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Гаши: Блокадата на ДУИ е политичко, а не процедурално прашање