ВИДЕО: Тргната оградата што го сокриваше дрвото што плаче

Од:

Откако беше исечен повеќедеценискиот голем костен во строгиот центар на Скопје, на улица „Македонија“, пред кафеаната „Пелистер“, на стеблото имаше нацртано лик што плаче.

Набрзо потоа, тоа беше заградено со ограда и сокриено од очите на минувачите.

Од утринава оградата ја нема и повторно може да се види тажната слика на исеченото стебло што плаче.

Тажното стебло на костенот што беше еден од симболите на улицата, сега стои како потсетник дека заради спомениците од Скопје 2014, во градот се врши масовна сеча на дрвјата.

Позади местото каде беа двата костени, деновиве се врши ископување каде што најверојано, според неофицијални информации, ќе се пресели споменикот на Цар Самоил.

А.Б.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан