(ВИДЕО) Тргачевски до Коцевски: Како успеавте да се стекнете со толку голем имот за толку кратко време?

Од:

„Веќе четири дена во јавноста се објавуваат документи и информации со сериозни обвинувања за Аце Коцевски, кандидатот за градоначалник на СДС за Општина Велес. Наместо одговор од негова страна има само молк. Милионерот Аце Коцевски се крие од јавноста и не дава никакви одговори.

Господине Аце Коцевски, вие сте должен да одговорите на граѓаните, а особено на велешани за наводите што изминативе неколку денови излегоа во јавноста. Објавени се сериозни документи со конкретни податоци каде што стои вашето име.

Должен сте да и објасните на јавноста како успеавте да се стекнете со толку голем имот за толку кратко време.

Вие господине Коцевски сте должен да дадете одговор како, само после неполни две години од завршување на градоначалничката функција, успеавте да купите градежно земјиште вредно 100.000 евра.

Исто така, на јавноста и должите објаснување како градите објект вреден 800.000 евра и како сте изградиле две дивоградби на вашето градежно земјиште од безмалку 5.000 метри квадратни.

Јавноста чека одговор од вас, господине вечен кандидат за градоначалник на Општина Велес, како вршите дејност во објект кој не е ставен во употреба и не е запишан на имотен лист.

Излезете господине Коцевски и дадете објаснување како во само 4 години остваривте приходи на вашата градежна фирма од скоро ‎2.000.000 евра, а на своите вработени им давате плата од 9.500 денари.

Аце Коцевски целиот свој живот извршува различни јавни функции од кои еден мандат како пратеник и 9 години како градоначалник на Велес.

Тој сега повторно е кандидат за градоначалник и поради тоа има обврска да одговори на сите овие прашања.

Должен е да даде одговор бидејќи човек кој сака да биде градоначалник не може истовремено да гради дивоградби. Не може човек што сака да биде градоначалник во исто време да се занимава со градежен бизнис и да гради градежна империја.

Господине Аце Коцевски, дали вашето премолчување сите овие денови значи и тивко потврдување на сите овие информации?

Јавноста ги очекува вашите одговори“, изјави Александар Тргачевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски