(ВИДЕО) Трајчевски: Се реконструира улица Радушка, инвестираме во развој на инфраструктурата во Ѓорче Петров

Од:

„Локалната власт во Ѓорче Петров предводена од СДСМ и градоначалникот Александар Наумоски постојано работат на унапредување на инфраструктурата.

По цели 60 години, улицата Радушка-Црногорска добива нов асфалт.

Започнува реконструкција на улицата во должина од 600 метри, како и изградба на тротоар за побезбедно движење на пешаците“, рече Игор Трајчевски од ОО СДСМ Ѓорче Петров.

„Со ова ги унапредуваме условите за живот и ја зголемуваме безбедноста во сообраќајот на жителите на населеното место Дексион.

Претходно, на оваа улица беше изведена и канализациска мрежа со што се реши уште еден долгогодишен проблем на жителите од овој крај на Ѓорче Петров.

За три години, локалната власт предводена од СДСМ, асфалтираше или поплочи над 40 улици низ секое населено место во нашата општина.

Како одговорна партија продолжуваме со реализација на зацртаните проекти, инвестираме во интерес на граѓаните.

Градиме по план, ја развиваме и унапредуваме инфраструктурата во Ѓорче Петров“, изјави Игор Трајчевски од ОО СДСМ Ѓорче Петров.

Би можело да ве интересира

Министерството за транспорт и врски со реакција на прес-конференцијата на Град Скопје

Предраг Петровиќ

Блокиран сообраќајот на улицата „Ѓорче Петров“ за излез и влез во Скопје

(ВИДЕО) Стојковска: Парк или депонија во Ѓорче, потенцијална еколошка закана по здравјето на луѓето?

Ана Ололовска

Стојкоски: Нови инфраструктурни проекти до крајот на летото во Општина Ѓорче Петров

Ана Ололовска

Започна решавањето на проблемот со бездомните кучиња во Ѓорче Петров

Ана Ололовска

Која општина колку должи и зошто: Ѓорче Петров со најголем минус, Аеродром со најмногу пари во каса

Кристијан Ландов