Ако сакаме резултати во борбата за човекови права и еднаквост потребна е организираност, рече Жарко Трајановски, на денешнта дебата и промоција на „Прирачник за активно граѓанство“, во издание на на Форум ЦСИД, УСАИД и Фондација Отворено општество – Македонија.
– Зборот организираност, според мене е клучен. Индивидуалната борба и оргнизираното граѓанско движење воопшто не се исклучуваат. Може да имаме потреби и иницијативи како што имаме сега во општина Карпош каде една група граѓани сакаат да оспорат одлуки што се донесуваат, а кои нив директно ги засегаат, меѓутоа ако тие граѓани не успеат да се организираат, тие ќе ја загубат битката со времето, затоа што неорганизираното граѓанско дејствување досега покажало само краткорочни ефекти. Ако сакаме подолгорочни резултати тоа е можно преку организирано граѓанско дејствување и тоа преку повеќе организации. Дел од тоа искуство е преточено во во оваа студија во Прирачникот, а тоа е како од ниту една се создаде прво една па повеќе организации кои се бореа за правата на ЛГБТИ луѓето, рече Трајановски.
Според него неправдата мора прво да стане видлива за да биде можна борбата против неа.
– Сега се соочуваме со такви неправди кои никој не ги знае и не ги гледа и практично не можеме да се бориме против нив. Една таква неправда е актуелното насилство што се случува против ЛГБТИ лицата, а кое тие не се осмелуваат да го пријават затоа што немаат доверба ниту во полицијата, ниту во другите институции. Се случува организирано претепување на геј луѓе и тие немаат доверба ниту во институциите, па ниту во граѓанските организации да го пријават тоа насилство. Без индивидуа која е желна да се бори не може да се решат неправдите.
Ние бевме сведоци на многу насилства врз ЛГБТИ заедницата, стана пракса повикувањето на насилство и говорот на омраза и она што фрапира е неказнивоста. Ниту еден насилник не е приведен, не е осуден. Активистите застанаа на 5 протести пред Обвинителство. Тие протести не помогнаа да се фатат маскираните насилници кои палеа и дивеаа во Дамар и во претходните случаи. Тоа ни покажува дека инстиуциите на системот не функционираат, полицијата и обвинителството не си ја вршат својата работа ми неправедно е сиот товар за нерешавањето на овој проблем да се стави врз организациите и тоа води тоа страв дури и да се пријават случаите на тепање, а кои се случуваат секоој викенд во Старата скопска чаршија, рече Трајановски.