(ВИДЕО) Трајановски: Имаме конкретни приоритети за Лисиче, визија за похуман и безбеден Аеродром

Од:

Како кандидат за градоначалник на Општина Аеродром, јасно и конкретно ги претставувам моите приоритети за урбаните заедници Населба Лисиче, Горно Лисиче и Долно Лисиче – за подобар, похуман и побезбеден живот на сите жители. Во Населба Лисиче, ќе се заложам за ревизија на Деталниот урбанистички план (ДУП) кој во сегашната форма не е во согласност со хуманото живеење, со бришење на висококатниците кои ја нарушуваат рамнотежата и инфраструктурниот капацитет на населбата. Ќе спроведеме целосна реконструкција на објектот „Пчелка 1“ – градинка „Буба Мара“, како и хортикултурно уредување на неискористените простори. Посебен фокус ќе ставиме на грижата за зеленилото, урбаната опрема, хигиената и безбедноста на граѓаните, како и субвенции за еколошки системи за затоплување на домовите – во насока на почиста и поздрава животна средина, изјави д-р Александар Трајановски, кандидат за градоначалник на општина Аеродром.

– Во Горно Лисиче, на потегот ул. Тодор Чангов – Ѓорѓи Капчев, ќе изработиме нов ДУП кој ќе овозможи уреден и одржлив развој, со реконструкција на споредните улици и поставување на атмосферска канализација. Ќе спроведеме реновирање на детските реквизити во ООУ „Гоце Делчев“ и ќе обезбедиме ефикасно решение за дивите депонии со засилена работа на комуналната полиција.

Во делот Горно – Долно Лисиче, ќе изградиме велосипедска патека, ќе го прошириме и осветлиме патот кој ги поврзува двете населби, како и ќе обезбедиме редовно празнење на контејнерите и куќните канти. Ќе поставиме јавни чешми за вода и канти за отпадоци, ќе се изврши реконструкција на споредните улици и темелно чистење на шутот и дивите депонии, особено околу црквата и мостот на реката Вардар. Овие мерки се дел од мојата визија за почиста, побезбедна и похумана Општина Аеродром, каде секој дел од општината ќе добие рамноправен третман и реални решенија за проблемите на граѓаните, рече тој.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО