(ВИДЕО) Трајановски: Градската куќа се продаде заради зголемување од околу 30% градската администрација за само 2 години

Од:

„Вчера Петре Шилегов ја продаде новата градска куќа за 12.7 милиони евра со образложение дека таму не било место за Градската куќа.

Кои се вистинските причини за тоа?

1.Градската куќа не ги собира партиските вработувања на СДСМ досега зголемени за околу 30% и затоа се бара нова поголема зграда. Ова г-дин. Петре Шилегов го кажа при првата најава за продажба на Градската куќа. Имено на 26.09.2019 велеше дека ќе собере само 360 вработени, а според проектот таа е предвидена за 620 вработени или за 50% повеќе од бројот на вработени во октомври 2017 година.

2.Чаршијата веќе знае дека тоа ќе биде зградата на ЕВН до Порта Македонија или зградата на „Технометал Вардар“. Едната нема паркинг места, а другата има само 90 паркинг места. Ја користам приликата да го прашам г-дин. Петре Шилегов дали е тоа точно?

3.Доколку тоа е точно, зошто менува нова за стара зграда и уште колку милиони евра ќе ги чини Скопјани реконструкцијата на ново купената зграда за да ги вдоми до сега околу 150-те нови партиски вработувања и новите вработувања кои што следуваат следните години?

4.Градската куќа поседуваше подземен паркинг на 3 нивоа наменет за вработените, за службените возила и за гостите. А, сега ја менувате за зграда без паркинг. Каде сега ќе паркираат граѓаните кои имаа потреба да дојдат и да решат некој проблем во Градот Скопје? Тоа ќе предизвика сообраќаен хаос во центарот на градот Скопје“, рече Коце Трајановски, Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Повозрасните граѓани на Скопје воопшто не ги изненадува оваа продажба зошто се сеќаваат што се СДСМ му одзема, односно продаде, а беше имот на градот Скопје. Во деведесетите години ја продадоа:

Топлификација, која гледам сега се обидуваат повторно да ја вратат, но тоа многу ќе ги чини граѓаните на Градот Скопје.

Го продадоа ГТЦ со сите дуќани што ги има.

Го продадоа и Скопски пазар, со многу дуќани на многу локации.

Ги продадоа градските Аптеки, една од најдоходовните дејности.

Ги приватизираа градски гробишта Бутел.

Ги одземаа становите и деловниот простор на ПУИК, кој што беше имот на Градот Скопје и кој што поседуваше повеќе од 10.000 станови и деловни простори.

Прашајте во Љубљана, во Загреб, во Белград и ќе видите дека овој имот е сопственост на соодветните градови.

Затоа сметам дека Градската куќа не требаше да се продава. Тоа е голема грешка.

Ваквите политики завршуваат на 12-ти април кога народот ќе ја изрече казната за сите лаги и невистини кои им ги сторивте овие 3 години“, изјави Коце Трајановски, Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

Куповната моќ на граѓаните е драстично зголемена, платите растат побрзо од цените, се пофали ВМРО-ДПМНЕ

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски