(ВИДЕО) Трајановски: Аеродром се соочува со сериозни инфраструктурни предизвици

Од:

Аеродром се соочува со сериозни инфраструктурни предизвици, сообраќаен метеж, недостиг од паркинг-простор и небезбедни пешачки и велосипедски патеки. Нашата програма нуди решенија, а не празни зборови. Во соработка со Град Скопје ќе ја завршиме изградбата на булевар АСНОМ и ќе обезбедиме нови коридори за поврзување со соседните општини, вклучително и нова сообраќајница меѓу Аеродром и Кисела Вода, како и реконструкција на улицата „Фрањо Клуз“ и нејзините краци, изјави Александар Трајановски од СДСМ.

https://www.youtube.com/shorts/oEXqUSNK-vE

„Дополнително, во секој дел од Аеродром планирани се локални реконструкции и проширувања: целосна реконструкција на споредни улици во Горно и Долно Лисиче, ново уредување на паркинг-просторите зад ТЦ „Скопјанка“ и ТЦ „Бисер“, како и во Ново Лисиче. Предвидуваме реконструкција на сите сервисни улици со воведување „зона 30“, што ќе значи поголема безбедност за пешаците и велосипедистите. Нови велосипедски патеки и воспоставување на нулта толеранција за паркирање на тротоари и пешачки патеки. Поставуваме нови семафори кај сите училишта за максимална заштита на децата. Реорганизацијата на паркирањето ќе се решава преку изградба на паметни паркиралишта и катни гаражи, со принципи на одржлива урбана мобилност. Ова се решенија што директно ќе влијаат врз секојдневието на нашите граѓани: побезбеден сообраќај, поуредени улици и поголема мобилност за сите. Заедно ќе ставиме крај на сообраќајниот хаос и ќе изградиме модерна, европска општина Аеродром – општина по мерка на граѓаните. Се бориме за нашиот дом, рече Трајановски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Испрати ли Владата на Груевски барање за екстрадиција на Груевски?

(ВИДЕО) Кузеска: Инфлација 5,7%, празни фрижидери, празни џебови, сиромаштија

Мециновиќ: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ саботираат една изборна единица

(ВИДЕО) СДСМ: Мицкоски брза на избори од страв од истрагите што доаѓаат по падот на Орбан

СДСМ: Документите за Груевски во Правда се „институционално“ заглавени или намерно блокирани

Кузеска: Груевски мора да одговара пред законот