(ВИДЕО) Трагедија во Кочани: Се запали дискотека, има жртви и многу повредени

Од:

Голем пожар избувна ноќеска во дискотеката „Пулс“ за време на концерт. Во моментот на избувнувањето и ширењето на пожарот, дискотеката била полна со луѓе.

Има информации за повредени и жртви. Спасувачката акција се уште трае. Вклучени се и цивилни возила поради голем број на повредени, објавија Радио Кочани и ТВ Кочани.

На социјалните мрежи се шират повици за помош во болницата во Кочани, со оглед дека имало како што се вели недостаток на медицински материјали и лекови.

Би можело да ве интересира

Во Кочани 40. „Марш за ангелите“, родителите бараат одговори за токсиколошките анализи

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Истражување: Третина од преживеаните и повредените од „Пулс“ се соочуваат со анксиозност, депресија и посттрауматско растројство

Судење за „Пулс“: Во општинскиот регистар дискотеката не постоела, уплатите за лиценца ги вршеле „Класик ДМ“ и „ММММ“

Во Кочани откриена биста на Иле Гоцевски, возачот – херој од Итната помош

А1он

Вработена во ДЗС за „Пулс“: Елаборат и процена се клучни за безбедност