(ВИДЕО) Тоновски: Вложуваме во инфраструктурата, реконструкција на булевар „11 октомври“ во Центар

Од:

„Успешната соработка на локалната и градската власт предводени од СДСМ и Коалицијата е само показател дека со заеднички инвестиции во современата инфраструктура и посветена работа, Општина Центар и Градот Скопје можат да бидат сигурно и безбедно место за живеење.

Започнавме со целосна реконструкција на улицата „11 Октомври”, тротоарите и велосипедските патеки по должина на целиот потег од крстосница со булеварот „Кочо Рацин“ до крстосница со улицата „Стив Наумов“. Дополнително на овој потег од 250 метри ќе биде обновено и булеварското зеленило и ќе бидат заменети постојните рабници“, рече Оливер Тоновски, советник во Советот на општина Центар.

„Вредноста на овој проект изнесува околу 27 милиони денари со вклучен ДДВ, а рокот за изведба е 30 дена.

Продолжуваме и понатаму со забрзана динамика да преземаме активности и иницијативи за добро уреден, ефикасен и безбеден сообраќај во Општина Центар“, изјави Оливер Тоновски, советник во Советот на општина Центар.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар