(ВИДЕО) Томовски: Владата го крие протоколот од народот

Од:

Согласно документите кои се дел од преговарачката рамка која Владата на Ковачевски ја прифаќа, Македонија ќе мора да ги смени учебниците, да го отвори Уставот и да ги направи Бугарите од Македонија заедница, а не малцинство, односно да станат државотворен народ, изјави Ивица Томовски, член на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

„ Сето ова стои во официјалниот текст на билатералниот протокол меѓу Македонија и Бугарија. Македонската влада го крие како државна тајна, ама затоа бугарските медиуми веќе објавуваат делови од таквиот договор без кој нема почеток на преговорите со ЕУ.

Согласно пишувањата во медиумите и согласно протоколот ниту македонскиот јазик не е заштитен. Во однос на јазикот, во протоколот е наведено дека Бугарија не прифаќа и нема да прифати, експлицитно или имплицитно, постоењето на „македонскиoт јазик“ во етнички и историски контекст. Сето ова владата на антимакедонска СДСМ и ДУИ го крие.

Јавно повикуваме Владата да го објави протоколот каде според наши информации се предвидува менување на Уставот со вметнување на Бугарите како државотворен народ, менување на учебниците по бугарски терк и проблематизирање на македонскиот јазик кој Бугарите го сметаат за бугарски дијалект.

Исто така јавно да одговори владата ако е толку добар протоколот зошто се крие од увид на јавноста, а Бугарите веќе го брифираат, зошто никој во Македонија освен владата го нема прочитано? Ова се прашања на кои целиот народ бара одговор. На мала врата сакаат да протуркаат бугаризација против која народот жестоко се спротивставува“ порача Томовски.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

ВМРО-ДПМНЕ: Младите брачни парови и самохрани родители до 40 години ќе се ослободат од комуналии за да се реши станбеното прашање

ВМРО-ДПМНЕ: Богданци заслужува повеќе, после три мандати на Шапов, општината се соочува со сериозни предизвици

Мицкоски од Брвеница: На Македонија и требаат нови успеси, резултати и проекти, а не поделби, затоа во недела ве повикувам да го заокружите бројот 1

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче и Заев се пазареле со бугарските власти за случајот со Ива Михаилова за да му се оддолжат на Радев?

Горан Наумовски