(ВИДЕО) Томовски: Не запира дивеењето на насилникот Нефи Усеини

Од:

„Не запира дивеењето на насилникот Нефи Усеини. Најомилениот градежник на власта вчера нападнал човек, му се заканувал дека ќе го убие и го влечел по земја.

Усеини според сведоштвата на жртвата за медиумите, крадел вода од него, тој на диво се приклучил на водоводната мрежа на жртвата, а кога тој повикал екипи од „Водовод“ бил нападнат од Усеини“, рече Ивица Томовски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Според зборовите на жртвата, Усеини му се заканувал со зборовите: – „Јас сум советникот Нефи, јас ќе те убијам. За насилниот настан постојат и фотографии кои ги објавија медиумите, а и сведоштва на присутните“.

И по ваквото сведоштво и по пишувањето на медиумите, Нефи Усеини е се уште е на слобода. Јавното обвинителство, а и полицијата го штитат.

Усеини е оставен да дивее низ Охрид и да ги плаши граѓаните. Ова не е првпат Усеини да нападне човек и да ја загрозува безбедноста на граѓаните. Ова е трет напад на Усеини во рок од четири месеци, претходно тој нападна и инспектор од општина Охрид, па и советник од Советот.

До кога власта ќе го толерира Усеини? Дали е потребно Усеини да убие човек за власта да реагира?

Апелираме МВР и ЈО веднаш да постапат согласно закон и да отпочнат соодветна постапка против Усеини, а не само да го повикуваат на информативни разговори. Потребни се конкретни мерки и чекори за сузбивање на насилието и дивеењето на Усеини кој години наназад ги заплашува граѓаните и е оставен од Заев да прави што сака.

За сето насилие, за криминалот и корупцијата на оваа власт на чело со Зоран Заев потребно е итно распуштање на Парламентот и организирање на предвремени парламентарни избори“, изјави Ивица Томовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе ги потврди листите за пратеници

Катерина Ѓуровски

Талевски: ДПМНЕ и Тошковски ја загрозуваат безбедноста на граѓаните

Катерина Ѓуровски

Николова: Платформа од минатиот век се новите лажни ветувања на ДПМНЕ по примерот на Скопје

ВИДЕО: Време е за 90 пратеници и една изборна единца порача Мицкоски во промоцијата на изборната програма

Катерина Ѓуровски

Членство во ЕУ и продолжување на стратешкото партенство со САД – изборна програма на ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ ќе ја презентира програмата за парламентарните избори 2024