(ВИДЕО) Тодоровски: Се делат пасоши од амбасадите за манипулација на изборите

Од:

Дипломатите од МНР предупредија дека власта, преку партизацијата на министерството и амбасадите спроведува манипулација на изборите и гласовите на иселениците. Тие укажуваат на извонредно важната ингеренција на МНР да издава граѓански пасоши за припадниците на нашата дијаспора.

-Малкумина обрнуваат внимание на извонредно важната ингеренција на МРН во постапката за издавање не дипломатски туку граѓански пасоши за припадниците на нашата дијаспора. И тука една мала математика. Актулната власт на сите избори победува со по 200.000 гласови разлика, од друга страна според истата таа власт во дијаспората има над 500.000, конзервативна проценка и дури околу 1 милион не толку конзервативна проценка носители на македонски пасош. Тоа се 500.000 или 1 милион потенцијални гласачи, ако го споиме овој број со можноста за издавање граѓански пасоши, што мислите дали дипломатијата е релевантна или не за претстојните избори, рече претседателот на синдикатот на македонската дипломатска служба, рече Тодоровски.

Неутрална и професионална дипломатија наместо партиската е потребно за да се спречи манипулирањето со гласовите за изборите. Како што вели Тодоровски припадниците на дијаспората информираат дека се прават огромни манипулации во функација на изборите во амбасадите каде има партиски кадри.

-Се испраќаат покани за експерти со нејасна или непозната експертиза да добијат виза за таа земја за да присуствуваат на непостоечки настан или настани. Барањето е прво љубезно, а потоа помалку љубезно да им се овозможи пристап на тие дипломати и експерти до списоците на амбасадите каде се евидентирани членовите на нашата дијаспора што ја контактирале односната амбасада. Се бара да се стапи во контакт со определени членови на нашата дијаспора и се разбира најстрашното е делење пасоши надвор од амбасадите.

-Партиска дипломатија е само фикција, се работи за партиски алати во функција на злоупотреба или тешка манипулација на гласовите од дијаспората. Во секој случај се оставаат огромни сомнежи поради кои не можеме и нема да можеме да кажеме дека се работи за демократски фер и слободни избори, изјави Тодоровски.

Според Тодоровски покрај манипулацијата со пасошите во МНР постојат и други манипулации од страна на власта. Тој тврди дека иако македонската дијаспора е поделена на етнички Македонци и граѓани на друга етничка припадност, во 2014 година беа избрани 3 пратеници само со македонски етнички предзнак без никаков претставник од некоја друга етничка заедница.

-Предминатата година во март месец овој синдикат му сврте внимание на раководството на т.н. испомош. Во амбасадите се испратени само кадри со македонски етнички предзнак или колеги што не припаѓаат на некој од заедниците. На една страна останува фактот дека тоа беше еден вид дискриминацијa, а но од друга можеби треба да се направи уште една мала математика. По некои груби проценки дијаспората е речиси пола-пола во смисла на етнички Македонци и Македонци од друга етничка припадност. Дали се работи за игра на случајот што на изборите во 2014 беа избрани 3 пратеници со македонски етнички предзнак, рече тој.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Засега нема македонски државјани што побарале помош или евакуација од Либан

Бугарското МНР за знамињата на средбата меѓу Сиљановска Давкова и Радев: Посетата не беше официјална

На бугарскиот амбасадор Желјаско Радов му била укажано за отстапувањето од договорениот протокол

Предраг Петровиќ

Демаршот на бугарскиот амбасадор ќе биде врачен од директорот на Директоратот одговорен за регионот, а не од министерот Муцунски

Независниот синдикат порачува: Нека се скрати на превоз на пратеници, на апанажи, на службени возила и ќе има пари и за просветните работници

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Протест во Косовска Митровица, општинските работници сакаат да се вратат на работа

Горан Наумовски