Амабасадорот Кристијан Тимоние потврди дека до него стигнуваат поплаки од граѓани кои не се задоволни од некои судски одлуки. Според него слушајот „Рекет“ покажал дека судството бележи голем напредок.
„Се разбира дека добиваме поплаки и тоа доказ дека се наоѓаме во истото европско семество. Со големо внимание ги следиме сите работи, и за Советот на Европа аспектот на реформите на судството се најважни. Исто така има напредок во развојот на медиумите како и социјалните медиуми и тоа е елемент што ни овозможува да навлеземе во деталите. Некои случаи можат да бидат многу интересни за да видиме како функцинираат нештата. Поплаки стигнуваат од француски државјани што живеат туку или пак граѓани со двојно државјанство. Сум имал можност да присуствувам на некои рочишта, не за да правам притисок туку да видам како тие работат. Преку случајот „Рекет“ видовме како се развиваат настаните со нови случаи. Се покажува дека општеството брзо еволуира. Нашата професија како дипломати исто така се менува и како и начинот на следење на состојбите. Нема да издадам тајна ако кажам дека меѓу последните разговори што се случуваа меѓу Бујар Османи, Никола Димитров и нивните француски колеги во Брисел, беа прашањата за судството. Тоа е дел од агендата која е од суштинско значење“, рече Тимоние.