(ВИДЕО) Тимоние: Не треба да се става европско знаменце за Законот за јазици

Од:

„Не беше пожелно да му стави европска етикета на Законот за јазици“, изјави амбасадорт на Франција во Македонија, Кристијан Тимоние, во интервју за „Макфакс“. Амбасадорот одговарајќи на новинарско прашање за блокирањето на Собранието со над 35 илјади амандмани на ВМРО-ДПМНЕ за овој закон, рече дека тој не бил почнат на најсоодветен начин.

„Собранието не функционира така како што треба“, рече Тимоние.

„Законот не беше приоритетен за Европската Унија“, изјави амбасадорот, повикувајќи се на изјавата на еврокомесарот Јоханес Хан.

„Албанските партии се легитимни и посакуваат ова прашање да биде решено“, додаде Тимоние. Амбасадорот се повика на изјавата на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, кој рече дека за овој закон чекале 150 години и ќе почекаат уште малку. „Треба да се најде инспирација во неговата мудрост“, изјави амбасадорот на Франција.

Тимоние потенцираше дека многу поважно е земјата да го убеди Брисел дека македонската демократија е функционална. Амбасадорот изјави дека е изненаден од леснотијата со која им бил симнат имунитетот на пратениците во Собранието. „Не е најважен притворот, туку конечната пресуда“, изјави амбасадорот за „Макфакс“.

Би можело да ве интересира

Бардела ги отфрли обвинувањата за расизам: Франција е меѓу најмалку расистичките земји во светот

(ВИДЕО) Речиси 300 повредени во протестите во Франција, блокирани 49 училишта

Горан Наумовски

Франција: Полицијата тврди дека 600.000 граѓани се на улиците, додека синдикатите бројат 1,6 милиони луѓе

Горан Наумовски

Франција: 270.000 луѓе на улиците, универзитетите блокирани, запалени контејнери за ѓубре

Париз не се откажува од солзавецот и шок-бомбите: Полицијата мора да се брани

Македонец фатен со 68 килограми кокаин во Франција

А1он